Рекордно висока долгорочна невработеност во САД

Бројот на американски работници кои долгорочно примаат социјална помош заради невработеност достигна рекордно висока цифра од 5,5 милиони минатата недела, што индицира дека им е потребно подолго време да најдат нова работа по отпуштањето од старата.

Бројот на лица кои примаат бенефиции повеќе од една недела е зголемен за 185 илјади, додека бројот на Американци кои за прв пат се пријавуваат за ваква помош од државата незначително е опаднат.

Други денеска објавени економски студии покажуваат дека економијата на национално ниво била во опаѓање последниве неколку месеци, додека производството продолжува да се намалува во клучната област на средниот Атлантик.

Невработеноста и други проблеми беа причина што официјални лица од американската централна банка вчера рекоа дека планираат да вложат дополнителни еден трилион долари во економијата преку купување на владини обврзници и други хартии од вредност поврзани со станбени кредити.