Овојпат се работи за седење во првите клупи во училница каде предаваат врвни светски професори.
„AcademicEarth“ е бесплатна веб страница која на луѓето ширум светот им овозможува пристап на целосни курсеви и видео презентации на некои од најдобрите универзитети во светот, објаснува Ричард Лудлоу, основач на AcademicEarth.org. Станицата е компилација на видео презентации и предавања од реномирани професори од Харвард, Принстон, Стенфорд и други водечки образовни институции.
Колку
за загревање, појдете на страницата да го чуете предавањето на
професорот од Јејл, Алан Блум, „Вовед во психолохијата, препорачува Лудлоу.
Друг мошне популарен курс е оној по физика на професорот Валтер Левин од Ем-Ај-Ти. Како предавачи-гости исто така мошне популарни се Томас Фридман со книгата „Светот е рамен“, а тука е и предавањето на Ален Блајндер за почетоците на финансиската криза.
Ален Блајднер е поранешен потпретседател на Федералните резерви, и сигурно знае нешто за економијата. Меѓу познатите со интерсни идеи е и Лери Пејџ, ко-основачот на Гугл.
„AcademicEarth“ започна да функцонира во јануари годинава, но веќе привлекува различни корисници.
„Корисниците
се тука
од различни побуди. Имаме постари лица
кои се во пензија и имаат слободно време за надообразба. Но, има и студенти кои ја
користат страницата како помагало во
нивните студии. Имаме и
професори кои велат дека ја посетуваат страницата за да научат нешто ново од
други професори“, вели Лудлоу.
Ричард Лудлоу се надева дека ќе се придружат дополнителни познати универзитети, а неколку се веќе активни. Тој планира да додаде и одредени интерактивни елементи, така што преку видео материјалите, посетителите ќе може да придонесат во одредено предавање и со свое знаење.
Да
се студира на Харвард или на Јејл сигурно ќе ве
чини барем 50.000 долари годишно. Гледајќи ги овие видео предавања од врвни
професори не е исто како да сте на нивните часови, не добивате ни кредит за тој
курс. Сепак имате можност курсот да го проследите бесплатно. Ве покануваме да го сторите тоа преку AcademicEarth.org.