Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон, ја сподели, како што рече, „непоколебливата определба" на нејзината држава за безбедноста на Израел како и активната потрага по дво-државно решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Клинтон се сретна со израелскиот претседател Шимон Перез на својата прва посета на Израел како највисок американски дипломат.
Таа кажа дека ракетирањето од Газа во Израел мора да запре, додавајќи дека ниедна држава „нема да стои без да стори нешто додека нејзината територија е предмет на ракетни напади. "
Клинтон исто така кажа дека таа и министерот за надворешни работи, Ѕипи Ливни, разговарале за заканата од Иран со разбирање дека целта на двете држави е Техеран да се одврати од потрагата за здобивање со нуклеарно оружје.
Ливни иранската идеологија ја нарекла „ нерешлив проблем", за
разлика од пограничното прашање меѓу
Израел и палестинските територии за кое таа вели дека може да биде решено.
Клинтон исто така планира да се сретне со Министерот
за одбрана, Ехид Олмерт, и со лидерот на
десничарската партија Ликуд, Бенџамин
Натанјаху.