Можна вакцина против грип

Сезоната на грипот е во полн ек и здравствените органи апелираат Американците да примат вакцина против него. Епидемиите на грип се случуваат во циклуси ширум светот. Според Светската здравствена организација, од вирусот на грип годишно се разболуваат 3 до 5 милиони, а умираат од 200 до 500 илјади лица. Најранливи се најмладите и најстарите.

Секоја година научниците произведуваат вакцина насочена против варијантата на вирусот што е во оптек.

Но,и покрај најдобрите научни пресметки, некои варијанти ненадејно мутираат и повторно се шират.

Група истражувачи од Институтот за рак Дејна Фарбер во Бостон и од Институтот Барнам во Калифорнија идентификувале човекови антитела за кои тврдат дека го спречуваат вирусот да мутира. Вејн Мараско од дејна Фарбер раководи со истражувањето: „Ова е прв чекор во добро зацртаниот пат за развивање на антителата во лек што може да се користи за борба против и третман на грипот кај луѓето.“

Мараско сепак наведува дека се потребни дополнителни истражувања, пред да се започне со клиничко тестирање врз луѓе. За нив се потребни најмалку три години.