НБА „ол-стар“: Запад го победи Исток, О`Нил и Брајант ја поделија „МВП“ титулата

Поранешните клупски другари а напати и лути противници Коби Брајант и Шекил О`Нил синоќа ги здружија силите за да помогнат на селекцијата на Западната конференција да ја победи Источната во „ол-стар“ натпреварот на американската Национална кошаркарска лига – НБА.

Брајант забележа најмногу поени кај екипата на Запад – 27, а О`Нил придонесе со 17 во убедливата победа од 146-119. Либрон Џејмс предводеше во редовите на Исток со 20 поени.

О`Нил, кој ги брани боите на Феникс Санс, и Брајант, кој настапува за Лос Анѓелес Лејкерс – каде заедно играа редица години – вчера ја поделија титулата „МВП“ за играч кој дал најголем придонес во натпреварот на сите ѕвезди на НБА.

Тие на шега се бореа за пехарот кога им беше доделен.