Обама се среќава со семејствата на загинатите во терористички напади

Средбата на претседателот уследи еден ден откако Пентагон соопшти дека воен судија ги отфрлил обвиненијата против Абд-ал-Рахим ал-Нашири, осомничен за нападот на морнаричкиот уништувач Ју-Ес-Ес-Кол во 2000-та година. Ал-Нашири беше во затвор во американскиот притворен центар на Заливот Гвантанамо во Куба.

Барак Обама најави дека планира да го затвори центарот во рок од една година. Белата куќа соопшти дека претседателот за оваа одлука ќе разговара со некои од семејствата на загинатите во нападите во 2000 и 2001. На денешната средба ќе присуствува и морнаричкиот командант во пензија, Кирк Липолд, кој раководеше со операциите на бродот во Јемен, кога се случи нападот.

Во самоубиствениот напад изведен со помал брод полн со експлозиви, загинаа 17 припадници на американската морнарица.

Се вели дека некои од учесниците во овие разговори сметале оти објектот во Гвантанамо не треба да биде затворен како што најави претседателот.