Претседателот Буш денеска по телефон разговораше со неколкумина светски лидери во кои им се заблагодари за досегашната соработка и пријателство.
На последниот ден на функцијата, Буш разговараше со претседателот на Грузија Михаил Сакашвили, рускиот премиер Владимир Путин, претседателот на Јужна Кореја Ли Мунг-Бак, премиерот на Данска, Андерс Фог Расмусен и премиерот на Италија Силвио Берлускони. Тој се поздравил и со поранешниот претседател на Мексико Винсенте Фокс, јапонскиот премиер Таро Асо и британскиот премиер Гордон Браун.
Портпарол на Белата куќа изјави дека претседателот Буш на своите колеги им рекол оти му било задовоство да соработува со нив и дека е благодарен за гостопримството што му го пружиле заедно со сопругата Лора.
Наследникот на Буш, новоизбраниот американски претседател Барак Обама утре ќе положи заклетва на функцијата. По церемонијата, Џорџ Буш и првата дама ќе заминат од Вашингтон.