Украина тврди презела се` за да обезбеди проток на гас

Украиската премиерка Јулија Тимошенко изјави дека земјата ги „презела сите чекори“ за да обезбеди рускиот природен низ украинските гасоводи да стигне до корисниците во Западна Европа. Меѓутоа, Тимошенко кажа и дека вчерашната руска испорака на гас ќе ја присили Украина да ја скрати доставата за сопствениот народ во источниот дел од земјата. Таа тврди и дека количината на рускиот гас е премала за да се постигне соодветен притисок во гасоводот.

Русија минатата недела целосно ја прекина доставата по недогласувањето со Украина околу цената на гасот. Во понеделникот во Москва беше потпишан билатерален договор за обнова на доставата на гас за Европа, но тој таму се` уште не пристигнал.

Европската унија соопшти дека ќе ги советува своите земји-членки да поднесат тужба против одговорните енергетски компании на Русија и Украина доколку веднаш не протече гасот.