Милиони луѓе во САД често бараат одговори за нивните здравствени проблеми на интернет. Нема гаранција дека ќе пронајдат вистинскиот одговор, но за многумина нтернетот може да спаси живот. Еве еден пример:
40- годишната Стејси Васелејни уживала во чаша вино кога почувствувала интензивна болка. Неколку денови подоцна и се случило истото – со голтка пиво. Потоа пребарала на интернет – испишувајќи ги зборовите – болка во лимфните жлезди по пиење алкохол. Се појавила веб-страница за Хоџкинс Лимфома, но таа била убедена дека тоа не е случај со неа. Зашто, Хоџкинс Лимпома е рак.
Кусо време потоа, Стејси почуствувала мала грутка на вратот. Онкологот Алан Ликтин вели: „Кога Стејси ми кажа за што се работи, претпоставив дека се работи за болеста Хоџкинс, затоа што болката во лимфите по конзумирање алкохол е ретка манифестација, но се случува.“
Биопсијата покажала дека Стејси навистина страда од болеста Хоџкинс. За среќа, била регистрирана во рана фаза и по хемотерапија и радијација сега се одмора и – прославува.
Според Светската интернет статистика, околу 1, 5 милијарда луѓе во светот редовно пребаруваат по интернет. Милиони луѓе се обидуваат да најдат информации врзани со медицината. Информациите кои ги пронаоѓаат може да бидат нецелосни или погрешни. Но, лекарите укажуваат на користа од добра информација, се разбира ако пациентите користат извори на кои може да им веруваат. Такви се веб-страниците кои се поврзани со реномирани болници или истражувачки институти.