САД отворија нова амбасада во Ирак

Ова е најголема американска амбасада во светот. Објектот е лоциран на 42 хектари во багдадската „зелена зона“ што е под силно обезбедување. На церемонијата на отворањето присуствуваше ирачкиот претседател Џалал Талабани и американскиот заменик државен секретар Џон Негропонте.

Амбасадата чини повеќе од 600 милиони долари за изградба и ќе има персонал од над 1.000 лица. Објектот има сопствен резервоар на вода, генератори за струја и сопствен систем за отпадни води.

На 1-ви јануари САД и ја предадоа контролата на багдадската „зелена зона“ на ирачката армија. Ова е прв чекор од новиот безбедносен договор што повикува американските сили да се повлечат од Ирак до 2011-та година.