На преполните
улици на Дака, велосипедски рикши се борат за простор меѓу автомобилите и
камионите. Во оваа најгусто населена
држава во светот, за да преживеете - треба да го откриете клучот. А, во
глобалната економија, клучот за Бангладеш е во извоз на готова облека.
Во Групата Вавилон, каде се
вработени 10 илјади работници, сепак се загрижени дека поволната клима нема да
трае долго, бидејќи потрошувачите на Запад купуваат се` помалку.
Па сепак, директорот на
компанијата Абидур Раман вели:
-Не очекуваме бизнисот да запре преку ноќ, затоа
што имаме искуство и способни сме. Имаме професионалци што се конкурентни.
Оваа индустрија на Бангладеш му носи 80 проценти од „тврдата“ валута, додека во развиениот свет е практично изумрена. Од Лондон до Сан Франциско, во гардеробите речиси без промашување има – „произведено во Бангладеш“.
Во ова време на криза и многу
дизајнери се вртат кон Бангладеш, така што нивните фабрики бележат зголемени
нарачки. Пред се` заради евтината
работна сила, но и затоа што се одговорни.
Заханара Бегум 15 години е шивачка
во Дака. Заработува околу 50 долари месечно. Вели – 2008-ма била добра година:
-Ако го одржиме квалитетот, и во наредната
година ќе бидеме конкурентни.
Во главната канцеларија на Здружението на бангладешки произведувачи и извезувачи на облека владее загриженост дека кризата доаѓа затоа што банките поставиле 15 проценти камата за комерцијални заеми.
Потпретседателот Шахидул
Ислам вели дека тоа може да се избегне
ако владата интервенира:
-Индустријата не може сама да се справи со рецесијата. Ова е сценарио за настап на
владата.
А, што е во залог во Бангладеш? Живеачката на 2,5 милиони работници и повеќе од 10 милијарди долари годишен приход за нивните шефови.