Црвенковски во годишното обраќање во Собранието:  евро-атлантските перспективи највисок приоритет 

  • Борјан Јовановски
    дописник македонски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија порача дека највисок приоритет на нацијата мора да биде поуспешното остварување на евро-атлантските интеграции.

Оценувајќи ја изминатата година, шефот на државата кажа дека Македонија не само што не го постигнала планираниот напредок туку и се соочила со тешко разочарување:

На Самитот на НАТО, Република Македонија не ја доби очекуваната покана за членство. Во годишниот извештај, Европската комисија не даде препорака за почеток на преговори со ЕУ.

Како проблем кој ги отежна интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ, Црвенковски ја посочи Грција, која, како што рече, ги прекршила меѓународите правни принципи. Сепак, дел од вината за актуелната позиција на државата Црвенковски префрли и на владата:

Што се однесува до нашите грешки и лошо поставени приоритети, а нив во овој предиод ги имаше многу, одговорноста е исклучиво наша. Со користење на популизам и злоупотреба на патриотските чуства на граѓаните,со подлеби на патриоти и предавници, со креирање атмосфера дека ние во НАТО и ЕУ сакаме, ама не мораме, дека владата има алтернатива за сестран развој и без наше интегрирање во евроатланските стуктури, ние самите го испишуваме сценариото за голем историски пораз.

Обраќањето на претседателот од страна на партиите од владината коалција беше оценето како говор на опозиционен политичар, а не како говор на преседател на државата. Денешното обраќање на преседателот Црвенковски е и последното во неговиот петгодишен мандат.