Главниот обвинител на Илиноис бара суд  да  го симне Благојевиќ од  функцијата

Обвинителот на сојузната држава, Лиса Мадиган, изјави дека гувернерот нема легитимитет да ги извршува задолженијата и оти поднела до Врховниот суд на Илиноис да донесе решение за привремено симнување од функцијата.

Мадиган рече дека тоа ова го бара затоа што Благојевиќ во овој момент не е подобен да ја извршува функцијата. Таа рече дека ваквиот потег не ја исклучува можноста од судска постапка или отповикување.

Благојевиќ беше уапсен во вторникот со обвинение дека барал мито во замена за именување кандидат за сенаторското место кое е испразнето од новоизбраниот претседател Барак Обама.

Обама рече дека нема удел во целата работа и го повика гувернерот да поднесе оставка.

Благојевиќ не покажа знаци дека ќе замине од функцијата. Денеска се молел со неколку свештеници во неговиот дом пред да замине за работа и им рекол дека е невин.

За понеделник е закажан состанок на законодавците од Илиноис на кој ќе се разговара за начините на Благојевиќ да се одземат ингеренциите за именување на замена за Обама во Сенатот. Тие ќе бараат специјални избори за ова место.

Обвинителите наведуваат и други инстанци за злоупотреба на власта од страна на Благојевиќ. Тие велат дека тој се заканил дека ќе го повлече финансирање на детска болница, ако за возврат не добие 50.000 долари од директорот на болницата.