Битка се води уште за хотелот Таџ Махал

Повеќе од 48 часа по првата терористичка опсада во индискиот финансиски центар Мумбаи, безбедносните сили велат декајаимаат контролата насекаде освенна една локација.

Индиските безбедносни претставници во петок известија дека ја презеле контролата во хотелот Оберој-Тридент и дека ја завршиле операцијата на расчистување во нападнатиот еврејски центар Чабад Хаус.

Генералниот директор на индиската национална безбедносна гарда, Ј. К. Дат, на новинарите им кажа дека во објектот нема преосанати терористи или заложници.

Но, тој кажа дека битката продолжува во хотелот Таџ Махал Палата, каде со паѓањето на ноќта се појавија нови пламени јазици кон небото и се слушаат звуци на спорадична престрелка соогнено оружје.

Порано во денот, Дат кажа дека командосите убиле двајца милитанти и откриле тела на петмина заложници од Еврејскиот центар.

Од седиштето на еврејската група во Њујорк потврдија дека рабинот и неговата сопруга се меѓу мртвите.

Американскиот Стејт Департмент во петокот кажа дека двајца американски државјани биле меѓу убиените во нападите во Мумбаи.

Најмалку 140 лица се убиени и 300 ранети во нападите. Странци и припадници на полицијата од високи редови се меѓу мртвите.