Уште едно име за економскиот тим на Обама

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама денес се очекува да назначи нови лица во неговиот економски тим.

Весникот Вол Стрит Џурнал известува дека Обама ќе го назначи поранешниот претседавач со Федералните резерви Пол Волкер за раководител со новото советодавно тело во областа на економијата.

Неделава Обама веќе идентификуваше неколку лица кои сака да бидат на клучни економски функции во неговата администрација, вклучувајќи го и неговиот избор за Секретар за финансии Тимоти Гејтнер и конгресен директор за буџет Питер Орцаг.

Тој исто така соопшти планови за нов економски пакет за стимулирање на економијата што би чинел до 500 милијарди долари за кој се надева дека ќе создаде или спаси 2,5 милиони работни места за една година.

Администрацијата на заминување, на претседателот Буш, исто така соопшти планови да потроши до 800 милијарди долари за да го купи долгот поврзан со станбените кредити и за да го поттикне позајмувањето на консументите. Американскиот конгрес порано одобри 700 милијарди долари за фонд за спасување од криза на банки и други финансиски институции.