Водечка меѓународна економска организација предупредува дека многу од најголемите економии во светот можат наскоро да доживеат најлоша рецесија од 1980те наваму.
Организацијата за економска соработка и развој предвидува опаѓање во САД, Европа и Јапонија.
Главниот економист на организацијата Клаус Шмит-Хебел исто така вели дека бројот на невработените во земјите членки на организацијата може да се зголеми за осум милиони.
Исто така денеска, Светската банка кажа дека очекува забавување на кинескиот економски растеж на најниска стапка за последните две децении.
Банката денес ја смири прогнозата за растеж на Кина во 2009 на 7,5 проценти заради глобалната финансиска криза, за речиси два проценти помалку отколку што се очекуваше годинава (9,4 проценти).