Реакција на Белата Куќа  на пораката на Ал Завахири до Обама

Белата куќа ја осуди пораката од Ал-Каида која содржи расни навреди за ново-избраниот претседател Барак Обама.

Портпаролот Дена Перино рече дека првата порака на терористичката група за изборот на Обама за претседател е потсетник за тоа со каков тип на луѓе САД се справуваат.

Во текст објавен на веб-страницата на милитантната група, глас кој беше идентификуван како на вториот човек на Ал-Каида, Ајман ал Завахири, му се обраќа на Обама на арапски јазик со „ домашен роб“. Во англискиот превод се нарекува како „Црнец за послуга“, фраза која ја употребувале белците за своите робови.

Завахири навреди и двајца проминентни Афро-Американци, државниот секретар Кондолиза Рајс и нејзиниот претходник Колин Пауел.

Немаше реакција од транзицискиот тим на Обама.

Во пораката од Ал-Каида се осудува Обама заради тоа што свртел грб на своите корени по татковска линија.