Првите  гласачки  места затвораат во шест часот попладне

Во Индијана и делови на Кентаки гласачките места ќе затворат во шест часот попладне , додека Вирџинија и Флорида ќе ги затворат своите еден час подоцна.

Барак Обама води пред Џон Мекејн според национални истражувања на јавно мислење, дури и во некои држави кои историски гласаат за републиканци.

Но Мекејн и натаму се надева дека ќе победи и покрај сегашните цифри. Тој денес има собир во Колорадо , држава која гласаше за американскиот претседател Џорџ Буш во 2004, но каде во моментов подобро стои Обама.

Кандидатите гласаа во своите држави, Обама во Илиноис и Мекејн во Аризона, порано денеска, И двајцата планираат забави за изборната ноќ.

Републиканскиот потпретседателски кандидат Сара Пејлин гласаше во државата Аљаска, каде таа е гувернер. На новинарите не им кажа за кого гласала повикувајќи се важноста на правото на приватност. Демократскиот потпретседателски кандидат Џо Бајден гласаше во неговата држава Делавер заедно со неговата стара мајка.