Дали Вирџинија ќе остане републиканска сојузна држава?

Од 1964, американската сојузна држава Вирџинија гласа за републикански кандидат во претседателски избори. Има индикации дека оваа година тоа ќе се промени. А зошто се фокусираме на оваа држава? Затоа што е голема. Во тесни избори Вирџинија може да му ја даде победата на кандидатот за кој ќе се решат нејзините гласачи.

За време на миси во христијанскиот и конзервативен Универзитет Либерти во рурална Вирџинија, студентите се собираат да пеат, да се молат и – да направат планови за излегување на гласање.

Околу 10 илјади студенти се регистрирани да гласаат во Вирџинија. Повеќето се надеваат дека Вирџинија ќе остане упориште на конзервативците и Републиканците.
Но, музиката на собир за Обама во главниот град на Вирџинија, Ричмонд, покажува негово влијание во се поразноликата урбана средина Аида Пачеко е со групата на хиспанската заедница наречена Централна Вирџинија Паланте – што значи движење напред. Таа вели дека острата имиграциона политика на Републиканците отуѓиле многумина од латино-заедницата.

Во нормална изборна година, ова би било важно прашање. Но Лари Сабато, од Центарот за политика на Универзитетот на Вирџинија, вели, ова не е нормална година:

-Мислам дека најважното прашање за секој Американец е економијата. Речиси секој е фокусиран на тоа. Дури потоа доаѓаат прашања како имиграцијата, војната во Ирак и здравствената заштита.

Вирџинија е и дом на некои од најголемите американски армиски бази.

За ветераните, на појадок во една од базите, поддршката за трупите е исто толку важна како економијата. Ова е Џорџ Рејнолдс:

-Да видиме дека сме победиле е голема работа, вели тој, а не само да излеземе оттаму со подвиткана опашка.

Но Лајл Предмор вели дека не се сите поддржувачи на Републиканската партија:

Се разбира дека сме загрижени за Ирак и за Авганистан. Особено за Ирак, каде не требаше да бидеме. Сега треба да видиме како да излеземе оттаму.

Со толку тесна трка овде, Барак Обама и Џон Мекејн минаа многу време и потрошија многу пари на кампања во Вирџинија. Без оглед кој ќе победи во ноември, професорот Сабато вели дека никој повеќе не ќе може да ја смета Вирџинија за сигурна.