Шефот
на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Страус Кан, се извини на
колегите, сопругата и семејството за
аферата со поранешна колешка, но вели - не
ја злоупотребил функцијата. Се работи само за лоша проценка, вели тој во
официјалната изјава.
Но истрагата
продолжува и извештајот се
очекува следната недела, што ќе
покаже дали тој покажал фаворитизам
спрема тогашната вработена Пироска Наги.