Лидерите на најголемите економии во светот денес го конфронтираат глобалниот финансиски систем во распаѓање, со собир во Вашингтон чија цел е да се најдат решенија за берзата, за замрзнатиот кредитен пазар и за стравот дека светот оди во рецесија.
Амариканските
пазари на акции паднаа за околу
пет проценти во утринската
размена, по големите загуби во четвртокот. Клучните европски индекси на акции се намалија за девет до десет проценти во попладневната трговија . Во
Русија финансиските регулатори ја
суспендираа трговијата на две главни берзи за неодредено време. Јапонскиот индекс Никеи
на затворањето беше паднат за десет
проценти, најголема загуба за
еден ден од 1987 наваму.
Официјални
лица од Г-7 индустријализирани нации, САД, Јапонија, Британија, Германија,
Франција, Канада и Италија се собираат во
Вашингтон пред средбата на ММФ, а со претседателот Буш ќе се сретнат во сабота.
Во меѓувреме американските претставници на секторот може да земат предвид план кој би помогнал да се олесни кредитната стега што ја предизвика сегашната криза.
Интернет
верзијата на Вол Стрит Џурнал денес вели
дека САД може да решат да дадат
гаранција за милијарди долари банкарски долг и привремено да
ги осигураат сите
американски банкарски депозити.