Буш e оптимист дека Конгресот ќе го одобри пакетот за излез од економската криза

Американскиот претседател Џорџ Буш е уверен дека Конгресот ќе го одобри обемниот владин план за консолидација на финансискиот сектор, тежок 700 милијарди долари.

Буш ова го изјави вчера во Њујорк откако финансиските пазари добија поддршка од еден од најбогатите луѓе во САД – Ворен Бафет, која најави дека ќе купи акции во вредност од пет милијарди долари во гигантот на Вол Стрит - Голдман Сач.

Американската централна банка – Федералните резерви соопшти дека ќе влее нови 30 милијарди долари во глобалниот финансиски систем, во координирана акција со централните банки на Австралија, Данска, Норвешка и Шведска.

Владата на претседателот Џорџ Буш предложи план тежок 700 милијарди долари за откупување на проблематичните кредити во финансискиот сектор, но тој наиде на противење во Конгресот. Секретарот за финансии Хенри Полсон и првиот човек на Федералните резерви Бен Бернанки на распит во Сенатот побараа Конгресот итно да го усвои пакетот. Претседавачот на Сенатската комисија за банкарство, демократот Крис Дод рече дека планот е неприфатлив во сегашната форма. Републиканскиот сенатор Ричар Шелби, член на Комисијата смета да планот треба внимателно да се разгледа за да не се трошат расипнички парите од даночните обврзници.