Претседателот Буш вели дека 8000 војници ќе заминат од Ирак до крајот на февруари, вклучувајќи и баталјон маринци од провинцијата Анбар, армиска борбена бригада и повеќе од 3000 лица од авијацијата, инженери и воена полиција:
-Се работи за ова: непријателот во Ирак
се уште е опасен, но ние сме во офанзива и ирачките сили стануваат се
поспособни да водат и да победуваат во борбите. Како резултат на тоа, бевме во
можност да ја спроведеме политика на „враќање по успех„ – со што се намалуваат
американските борбени единици во Ирак во време кога условите на теренот почнаа
да се подобруваат.
Претседателот на воените команданти на Универзитетот за
одбрана во Вашингтон им рече дека ако напредокот продолжи, главниот американски
командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус верува дека може да има натамошно
намалување на цифрата на војници во првата половина на следната година.
Буш рече дека има стабилна нагорна
линија во безбедносните придобивки во Ирак, за кои тој рече дека се резултат на
неговата одлука за наплив на силите од минатата година.
Сите пет борбените бригади на
армијата, како и два баталјона на маринците кои беа вклучени во севкупната
бројка на дополнителни војници се вратија дома. Со повлекувањето на уште 8000
војници до февруари 2009-та, ќе има малку повеќе американски војници во Ирак
отколку што ги имаше пред да биде испратено засилувањето.
Претседателот исто така испраќа повеќе
американски војници во Авганистан каде, според него, Талебанците направиле
напредок и ја загрозиле довербата на авганистанскиот народ:
-Успехот на Авганистан е клучен за безбедноста на Америка и нашите
сојузници во слободниот свет. За сета добра работа која ја завршивме во таа
земја, јасно е дека мора направиме уште повеќе. Како што научивме во Ирак,
најдобар начин да ја вратиме довербата на луѓето е да ја вратиме основната
безбедност – а тоа бара повеќе трупи.
Во ноември,
баталјон маринци, кој требаше да замине за Ирак ќе биде распореден во
Авганистан. Претседателот рече дека во јануари ќе им се придружи армиска
борбена бригада.
Буш рече дека тие сили ќе работат со авганистанските војници во
обезбедување сигурност, заштита на инфраструктурата и ќе помогнат да се
обезбеди пристап до образовни програми и здравствена заштита.
Како дополнување на повеќе војници во Авганистан, Буш рече дека САД мора да
му помогнат на Пакистан да ги порази Талебанците и борците на Ал-Каида кои ги
користат зафрлените погранични региони за дестабилизирање на Авганистан и на
Пакистан:
-Поразувањето на терористите и екстремистите е во интерес на Пакистан. Тие претставуваат смртоносна закана за иднината на Пакистан како слободно и демократско општество. Поразувањето на тие терористи и екстремисти исто така е пакистанска одговорност – затоа што секоја нација има обврска да владее на сопствената територија и да не дозволи да стане прибежиште за терористите.
Буш рече дека телефонски разговарал со новиот пакистански претседател Асиф Али Зардари и му изразил целосна поддршка од САД во борбата на новата влада против екстремистите.