Џо Бајден е претседавач на влијателната Сенатска комисија за надворешни работи, а ја претставува сојузната држава Делавеар во Сенатот веќе 36 години. Додавањето на 65-годишниот Бајден на демократското изборно ливче би можело да помогне против аргументите на републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн дека Обама нема доволно искуство во надворешната политика.
Како и што најави, изборниот штаб на Обама ја објави веста за изборот на потпретседателски кандидат на помалку невообичаен начин, преку инстант текст-порака до симпатизерите, со цел да ја истакне благодарноста и посветеноста кон оние кои го поддржуваат демократскиот претседателски кандидат. Ден пред тоа, говорејќи за квалитетите кои ги бара од својот изборен сопатник, Обама за Си-Би-Ес истакна дека е најважно тој да биде подготвен да управува и да биде независен.
-
Сакам кандидат кој ќе умее да се спротистави на моето размислување, а не само да
кажува - „да" кога станува збор за политиката, рече Обама.
На
47-годишна возраст, Обама е релативно нов во политиката, со неполни четири години
стаж во Сенатот. Републиканскиот противкандидат
Џон Мекејн често го напаѓа дека нема искуство во надворешната политика и прашањата
за национална безбедност.
Бајден е истакнат критичар на надворешната политика на владата на претседателот
Буш. Тој во 2002-ра гласаше за американската
инвазија во Ирак, но подоцна се сврти против војната во таа земја. Сенаторот од Делавеар - римо-католик и син на
продавач на автомобили - би можел да помогне во привлекувањето на гласови од работничката
класа - досегашна слаба страна на Обама.
Бајден
на двапати се кандидраше за претседател - во 1988-ма и годинава, но во обата случаја
рано се откажа од трката.
Обама и Бајден и официјално ќе бидат номинирани како партискиот двоец за претседателските
избори на Националната конвенција на Демократската партија што ќе започне во понеделник
во Денвер, сојузната држава Колорадо.
Претставници на Републиканската партија велат дека Мекејн се` уште не одлучил кој
ќе биде негов број 2. Според медиусмките
извештаи, во игра се поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и гувернерот на
Минесота Тим Павленти. Републиканската конвенција
ќе започне на 1-ви септември во Сент Пол, сојузната држава Минесота.