Во САД 10 милиони жени и еден милион мажи секојдневно се борат на живот и смрт поради нарушување на исхраната како резулутат на анорексијата. Но, ова не е болест само на западните земји.
Во секој
киоск за весници - слики на убави и многу слаби девојки на насловните страници. Ова влијае на начинот на кој жените и
девојчињата гледаат на себе. Истражувањата
покажуваат дека 80 отсто од нив не се задоволни со своето тело.
Не сите, но некои развиваат нарушување во исхраната.
Анорексијата е психијатриска болест што може да
има фатални последици. Пациентите мислат
дека се дебели, иако не се. Прегладнуваат и
претеруваат со вежбање. Се доведуваат до состојба на неухранетост,
остеопороза и срцеви болести. Неретко, може да настапи
прерана смрт или самоубиство.
Тони Сајбер сфатила дека и` треба помош кога се
разбудила од кома предизвикана од анорексија:
- Кога ќе стигнете до одредена точка,
веќе не можете да прекинете. Добивате еден вид еуфорично чувство гледајќи на
вагата чија стрелка оди надолу секое утро.
Недостиг
на самодоверба и тешкотии во односите се фактори на ризик, но некои стручњаци
велат дека притисокот на културата на глорификација на слаботијата е
најсилниот фактор. Само 25 проценти од
пациентите целосно се опоравуваат.
Во тек е најголемо истражување досега за третманот на оваа болест. Со него раководи Дениз Вилфил од
Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.
Таа вели дека навидум резултатите се подобри ако семејството на
пациентот е обединето и вклучено. Но,
има и други стратегии. Еден третман е
фокусиран на лековите за анксиозност и депресија поврзани со анорексијата, друг
на односот кон храната.
Надежта е дека ова истражување конечно ќе
донесе подобар третман за анорексијата и поголеми шанси за излекување.