Шест месеци по ред американската  економија  губи работни места

Нов извештај од Одделот за труд покажува дека американската економија губи повеќе работни отколку што отвора, шест месеци по ред.

До сега, годинава, американската економија намалила 438-илјади работни места, што е силен контраст од 2007, кога вработеноста растеше во просек од над 90 илјади работни места месечно.

Светските цени на нафтата денес постигнаа нов рекорд зголемувајќи ја заканата од инфлација и намалувајќи ги можностите за глобален економски развој.

Цената на сировата нафта за идна достава, на њујоршката берза се искачи на 145 долари и 85 центи за барел.

Аналитичарите сметаат дека за ова е виновен слабиот долар, загриженоста за конфликтот на Блискиот Исток и малите резерви на сирова нафта.

Зголемувањето на цената на нафтата влијае на зголемување на цените на многу добра и услуги, со што е зголемена и заканата од инфлација.

Денес Европската централна банка се обиде да се избори со инфлацијата преку зголемување на каматните стапки за четвртина поен, на 4,25 отсто.

Зголемувањето на каматните стапки ја забавува економијата со зголемување на трошоците за позајмување пари за купување опрема за проширување на стопанските дејности и за купување недвижнини.