Рикер: Македонија има направено исчекор од 1999-та

  • Глас македонски

На распитот на сенатската комисија за надворешни работи за потврдување на функцијата, идниот амбасадор на САД во Република Македонија Филип Рикер рече дека негов приоритет ќе биде промовирање на американските интереси и унапредувањето на партнерските релации, при што нагласи дека односите меѓу САД и Македонија никогаш не биле поблиски.

Од последниот пат кога бев во Македонија во 1999-та- земјата има направено голем чекор напред – рече Рикер. И покрај сите предизивици и премрежја во изминатата деценијата, Македонија денес е стабилна унитарна и модел за мултиетничка демократија. Македонија е голем американски сојузник на сите глобални фронтови на денешницата:

-Имав можност и чест да се сретнам со македонските ренџери кои се распоредени рамо до рамо со американските сили во ирачките град Таџи. Тие се храбри и професионални војници кои се дел од коалиционите сили во Ирак уште од 2003-та.

На новата функцијата ќе ги промовирам американските интереси на партнерска основа со земјата –домаќин, рече Рикер:

-Ако бидам потврден на функцијата, ќе продолжам да им помагам на лидерите и народот од Македонија преку реформите да постигнат мултиетничка демократија и слободен пазар, како и во нивно интегрирање во НАТО и во ЕУ.

На прашање од сенаторот Роберт Менендез – дали планира да биде вклучен во напорите за надминување на прашањето со разликите околу името, Рикер одговори:

- Да, сенаторе. Ако бидам потврден на функцијата ќе работам преку нашата амбасада во Скопје, како и преку амбасадата во Атина, во правец на охрабрување на двете страни да пронајдат брзо обострано решение, затоа што тоа не е само во интерес на Македонија и Грција, туку и на поширокиот регион.

На Распитот во сенатската комисија за надворешни односи, Менендез на Рикер му постави и незгодни прашања за легитимитетот на изборите во Македонија со оглед на изборните инциденти, за картите со Голема Македонија кои се појавиле во некои учебници, како и дали земјата може со вакви избори да стане членка на НАТО. Рикер остана на својот позитивен став за Македонија.