Буш во посета на поплавените подрачја

Надојдената река однесе дваесетина брани по должина на течението, потопувајќи десетици населени места во Ајова и околните држави Илиноис и Мисури. Поплавите уништија и илјадници хектари со земјоделски култури, што се стравува дека ќе донесе повисоки цени на житарките и друга храна.

Жителите се придружија на Националната гарда во очајнички напор за полнење на песочни вреќи за зајакнување на браните и насипите кои сеуште стојат.

Во исто време расте загриженоста за загадување и болести од хемикалиите и отпадните води кои се излеале во водата.