Кина прогласи тридневна жалост за жртвите од земјотресот

Низ целата земја, сирените се огласија во 2.28 часот попладнето по локално време за да се одбележи точното време на ударот на земјотресот од 7.9 степени на Сичуанската провинција пред седум дена, убивајќи повеќе од 34 илјади луѓе.

Властите очекуваат конечната цифра на загинати да биде над 50 илјади.

Денешната триминутна пауза е дел од трите дена жалост за жртвите на земјотресот. За тоа време Кина го суспендира и предавањето на олимпискиот фаќел. На веб страниците на интернет исто така им беше наредено да ги симнат материјалите од областа на забавата, а јавните рекреативни активности се откажани.

Додека Кина денеска жали, официјалната новинска агенција Ксинхуа известува дека лизгање на кал во погодената област закопала повеќе од 200 хуманитарни работници. Нема други детали.