Буш: Израел е најсилниот американски сојузник на Блискиот Исток

Претседателот Буш го нарече Израел најсилен сојузник на Америка на Блискиот Исток. Тој кажа дека Израел и САД биле соочени со големи предизвици кога биле формирани и се потпирале на исти принципи за да им помогнат да успеат.

Господинот Буш ова го кажа при средбата со израелскиот претседател Шимон Перес на почетокот на неговата регионална турнеја по Блискиот Исток. Господинот Буш е во Израел за да продолжи со притисокот за постигнување на израелско-палестински мировен договор и да се приклучи на прославата на еврејската држава за нејзината 60-годишнина.

Во меѓувреме, иранскиот претседател од тврдата линија Махмуд Ахмединеџад Израел го нарече „држава што изумира“. За време на говор во северен Иран што коинцидира со пристигнувањето на американскиот претседател и првата дама на САД во Израел, господинот Ахмединеџад рече дека сите држави во регионот го мразат Израел и дека ќе го истиснат оттаму кога ќе се појави најмала можност за тоа.