Групата составена од САД, ЕУ, Русија и ОН го повика Израел да прекине со сите активности на населување на Западниот Брег, а палестинската самоуправа да ја исполни заложбата за борба против тероризмот.
Квартетот изрази и длабока загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Газа е под израелска блокада откако милитантите на Хамас презедоа контрола минатиот јуни.
Рајс и регионалниот пратеник на Квартетот, поранешниот британски премиер Тони Блер, велат дека има напредок зад сцената во израелско-палестинските мировни разговори како и дека се` уште е можно да се постигне мировен договор кон крајот на оваа година.