Пенсилванија денес гласа на мошне битни демократски прелиминарни избори

Гласачите во североисточната сојузна држава Пенсилванија денес гласаат на прелиминарните избори за демократски кандидат на претседателските избори во ноември 2006-та. Изборот е меѓу сенаторката Хилари Клинтон и нејзиниот колега Барак Обама. Поголемиот дел од аналитичарите се согласни дека Клинтон мора да победи ако сака да остане во трката.

Клинтон е фаворит во Пенсилванија, но потребна и` е победа со голема разлика за да добие што е можно повеќе делегати од оваа сојузна држава за да се приближи до противакндидатот Обама кој во моментов води во севкупниот број на освоени делегати.

Клинтон во ТВ-интервју денес порача дека победата во Пенсилванија, заедно со досегашните во Калифорнија и Њујорк, ќе докаже дека Обама не може да победи во сојузните држави што носат голем број на делегати.

Во одвоено ТВ-интервју, Обама рече дека иако не очекува да победи во Пенсилванија, значително го намалил водството на Клинтон во сојузната држава.