Македонската Влада вчера ги осуди последните инциденти во Грција, до кои дојде до самитот во Букурешт. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека Владата најостро и најжестоко ги осудува последните два инцидентa што се случија кај јужниот сосед, каменувањето на куќата на свештеник, етнички Македонец и повикот на - за македонската јавност непознатата - грчка организација ЕКЕП, чии припадници во вторникот преку видео запис, маскирани и вооружени, со закана им порачаа на Македонците “да ја научат историјата:
-Најнапред, да потсетам дека беше каменувана куќата на архимандритот на Македонската православна црква отец Никодин Царкњас, а вчера се потсетивме на немилите настани кои ги гледавме во изминативе две декади на Балканскиот полуостров кога луѓе кои не сакаа себеси да се идентификуваат, упатија најостри закани и најостри претења кон Република Македонија. На овој начи се прекршени основните човекови права и слободи на еден граѓанин на Европската унија, и како што тој истакна, загрозени се најдиректно добрососедските односи. Владата на РМ во овие сериозни моменти, во овие исклучително чувствителни моменти апелира кон властите и институциите во Грција да ги осудат овие немили настани во духот на добрососедските односи, кои се од взаемен интерес и на двете земји
Портпаролот Боцевски потенцираше дека Република Македонија е единствената балканска држава која никого не спори и која нема проблеми со идентитетот на било кој од соседите како и дека Макеоднија немала ниту еден сигурносен, ниту безбеден инцидент иницирана од макеоднска страна кон било кој од соседите.