Астероид ќе се судри со Марс

Според проценките, астероидот долг 48 метри што се движи во правец на Црвената планета ќе се судри со неа на 30 јануари 2008-ма.

Научникот од НАСА Стив Числи вели:

-Ако астерoидот го погоди Марс, ќе се ослободи огромно количество енергија, слично на три мегатони експлозив Те-Ен-Те.

Научниците од Опсерваторијата Магдалена Риџ во американската сојузна држава Ново Мексико почнаа да го следат астероидот - заведен под кратенката 2007 дабл-ју-ди 5. Астрономот Елејн Рајан вели дека таа и колегите најпрвин не ги зеле сериозно курсот и брзината на астероидот - само ги регистрирале податоците за неговата позиција. Тогаш шансата за судир со Марс ја пресметале на 1 во 350. Но, понатамошните анализи на научниците од НАСА покажале дека сега тој сооднос е 1 на 75:

-Силината на ударот ќе биде со 13, 5 километри во секунда, што може да создаде кратер од околу една и пол милја.

Астероидот, што во моментов се наоѓа во орбитата е голем колку кошаркарско игралиште. Патува со брзина од 45.000 километри на час. Експлозијата што би ја создал од евентуалниот удар во Марс би била 200 пати помоќта од атомската бомба во Хигошима.