Американската Централна разузнавачка агенција вели дека ќе соработува со конгресниот комитет што врши истрага за случајот со уништување на видео-снимки од испрашаување на двајца осомничени терористи на Ал-Каида.
Агенцијата вели дека ќе ги предаде документите за случајот до Сенатската комисија за разузнавање.
Комиијата го одби барањето од Одделот за правда да ја одложи истрагата за уништувањето на видео-снимките поради тоа што таа би можела да го попречи увидот што Одделот во моментот го врши во ЦИА. Претседавачот со Комисијата, демократот од Тексас Силвестре Ријс се закани дека ќе побара судска покана за да ја принуди владата да соработува.
Претседателот Буш за време на синоќешната прес-конференција изјави дека нема да се изјасни за случајот додека не заврши увидот и истрагата:
- Убеден сум дека прелиминарната истрага на главниот правобранител и главниот инспектор во ЦИА, заедно со увидот на Конгресот, на крај ќе ни овозможат да утврдиме што точно се случило.
На видео-снимките од 2002-ра биле прикажани агеенти на ЦИА како ги испрашуваат осомничените оперативци на Ал-Каида Абу Зубајда и Абдал-Рахим Ал-Нашири. Директорот на ЦИА Мајкл Хајден вели дека снимнките биле уништени за да се заштити идентитетот на испрашувачите, но критичарите велат дека тоа било сторено за да се сокријат докази за тортура.