Црвенковски: 2007 - неуспешна за евро-атланските аспирации

2007 беше неуспешна за Македонија на планот на остварувањето на стратешките интерси какви што се почеток на преговорите за членство во ЕУ и исполнување на критериумите за членство во НАТО.

Оваa е оценката на претсдателот на Р.Македонија изнесена на вчерашното годишно обраќање во Собранието на кое за првпат учествуваше премиерот Груевски и пратениците на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Според шефот на државта позитвен исчекор е последната лидерска средба на која беа усогласени ставовите за изглесување на некои клучни рефоромски закони. Но според шефот на државата доколку ова се случело порано Македнија уште оваа година во извештајот на ЕК би можела да добие препорака за почеток на преговри.

-Сакам да ја искористам оваа прилика за да го поздравам големиот напредок кој беше постигнат на двете последни лидерски средби. Тоа е голем чекор напред и сега така мора и да продолжиме. Жалам што сето ова не се случи пред неколку месеци, а можеше. Во тој случај и извештајот на ЕУ ќе изгледаше поинаку и многу е извесно дека во него можеше да се најде и препорака за почеток на преговорите, изјави Бранко Црвенковски од собраиската говорница. Тој во оваа прилика се осврна и на тензиите меѓу владеачката коалиција и опозиционата ДУИ кои беа често во средиштето на политичките првирања во оваа 2007 година:

-Колку што е согласно уставот легитимно неповикувањето на најсилната партија на Албанците во владата, исто толку легитимно е таа партија од опозиција да не ги поддржува предлозите на владата. Во таква ситуација најлошиот можен избор на владата е да бара начин да го заобиколува и релативизира бадинтеровиот принцип, или на вештачки начин да го менува етничкиот однос или структурата во Парламентот рече претсдателот Црвекосвки. Во врска со спорот со Грција околу името, Претседателот порача на исполнување на НАТО критериумите во најкус рок, со цел, како што рече, да се стесни маневарскиот простор за користење било какви дополнителни аргументи против нашето членство.

Обраќањето Црвенковски го заврши со повикот за обединување околу стратешките цели на државата.