Невладините организации бараат закони за недискриминација

Коалиција од повеќе невладини организаици во Македонија истапи со барањето за донесување на закон за недискриминација како и формирање на независна комисија за заштита на човековите права. Колицијата со ваквo барање пред властите истапи на завршувањето на европската година за еднакви можнoсти за сите, како и во очи на меѓународниот ден на човековите права.

Од вчера оваа коалција, започна со иницијативата за недискриминација под мотото „Еден до друг различни, а еднакви“.

„Македонија според обврските за усогласување на законодавството со ЕУ до 2009-та треба да донесе усогласено законодавство, кое што ќе ја забрани дискриминацијата. Досега од тој пакет на закони е донесен само законот за изедначување на еднаквоста меѓу мажите и жените, и тој закон се спроведува, формирани се телата кои беа предвидени, но од прилика тоа е се што имаме досега во напредокот - изјави Ѕвонко Шаврески од граѓанската организација „Полио Плус“.Во извештајот на ЕК за напредокот на Македноја во пroцесот на европските интеграции беше посочено дека Македонија како држава треба да вложи повеке напори во обезбедување на еднакви можности за сите.