Врховен суд расправа за Гвантанамо

Американскиот Врховен суд денес ќе ги слушне аргументите за приведување на осомничени терористи од страна на администрацијата на Буш во американската морнаричка база Гвантанамо во Куба.

Адвокатите на повеќе од 30 приведени во Гвантанамо ќе се обидат да докажат дека нивните клиенти имаат право на хабеас корпус, што во американскиот легален систем на затворениците им дава право да приговараат на приведувањето пред суд.

Администрацијата вели дека странските осомничени терористи фатени и држени надвор од САД немаат такво право според американскиот Устав – да се појават пред федерални судови. Високиот суд пресуди против администрацијата на Буш веќе два пати порано по контроверзното прашање , вклучувајќи го и мислењето од 2004 каде кажа дека приведените имаат право на хабеас корпус.

Американскиот Конгрес тогаш со Републиканската партија во мнозинство одговори со донесување закон во 2006 со кој се воспоставува воена комисија за судење на приведените од Гвантанамо како непријателски војници.

Во Гвантанамо се држат повеќе од 300 приведени.