Мали шанси за напредок во преговорите за Косово

Александер Боцан-Карченко даде ваква оценка денеска, пред почетокот на разговорите во Австрија меѓу меѓународните посредници и високи делегации на Србија и косовските Албанци.

На разговорите во организација на САД, ЕУ и Русија не е направен напредок уште од нивниот почеток во август.

Белградскиот весник Близ го цитира Боцан-Карченко дека Русија ќе инсистира на продолжување на разговорите за статусот на Косово и по истекот на крајниот рок на ОН – 10 декември, доколку дотогаш не биде постигнат договор.

90-те проценти етнички-албанско мнозинство на Косово сака независност и се има закането со едностран потег во таа насока. Аналитичарите сметаат дека таквиот потег би можел да го турне Балканот во нови немири.