Пакистанската полиција денес го блокираше поранешниот премиер и опозиционен лидер Беназир Буто да го напушти домот и да присуствува на протест. Без оглед на тоа, таа повторно повика претседателот Мушараф да ја укине вонредната состојба, да се откаже од функцијата армиски шеф и да одржи избори до средината на јануари наредната година.
И Белата куќа, и Стејт департментот ја поздравија најавата на претседателот Мушараф за одржување на општи избори пред средината на февруари, но портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак побара тој да преземе дополнителни мерки за враќање на земјата кон демократија и уставно владеење.
САД го сметаат Пакистан за клучен сојузник во војната против тероризмот. Од 2001-ва година, Вашингтон има дадено преку 10 милијарди на владата на Мушараф. Откако тој во саботата воведе вонредна состојба, САД најавија дека ќе ја преразгледаат финансиската помош. Па сепак, заменик-државниот секретар Џон Негропонте на распит во Конгресот во средата предупреди дека скратувањето на помошта би било спротивно на интересите на обете земји.