На заедничката прес-конференција во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Али Бабакан, Кондолиза Рајс кажа дека трите земји имаат ист непријател во бунтовниците од Курдската работничка партија и оттаму е потребен сеопфатен приод кон проблемот. Но, таа предупреди против каква и да е` акција што би го дестабилизирала Ирак. Рајс се сретна и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој во понеделник пак ќе се сретне со претседателот Буш во Белата куќа.