1957-ма, Америка. Претседател е Ајзенхауер. Елвис е крал на рокенролот. И САД, и Русија имаат атомска бомба.
На 4-ти октомври, Советите го лансираа Спутник
- Буквално, се` се промени. Спутник беше предвесник на нова ера, ново време, вели историчарот Роџер Лауниус од Музејот за аеронаутика и астронаутика во Вашингтон.
За Американците, фактот дека Советскиот Сојуз прв испрати сателит во вселената предизвика загриженост и страв. Лауниус коментира:
- Ако Советите можеа да испратат сателит во орбитата и тој да прелетува над САД и над кое и да е` друго место во светот, тоа значеше дека можеа да стават нуклеарен проектил над нашите глави, доколку посакаа.
Уследи американски одговор. Претседателот Ајзенауер му наложи на германскиот научник Вернер фон Браун кој работеше во американската армија да ја активира вселенската програма. На 31-ви јануари, 1958-ма, Експлорер 1 стана првиот американски сателит во земјината орбита. Подоцна истата година беше формирана американската вселенска агенција – НАСА.
Останатото е историја. Вселенски летала со и без екипаж, Џемини, Меркјури, Аполо, спејс-шатл програмата со сите свои успеси и неуспеси. Денес, 50 години по Спутник, околу 100 земји заедно работат на комплетирање на Меѓународната вселенска станица - отскочна штица за идните мисии на Месечината, Марс и подалеку - во човековата одисеја во вселената.