Конгресот бара поголема надлежност за водење на војната во Ирак

Врховниот командант во петокот им се придружи на Маринците на ручек, во армиската база во близина на Вашингтон.

Во исто време неговиот главен генерал во Ирак, Дејвид Петреус и главниот дипломат таму, амбасадорот Рајан Крокер, на Конгресот му предложија скромно намалување на трупите.

Демократите сепак незадоволни. Нивниот лидер Хари Рид вети амандмани што ќе го променат курсот на војната.

Лари Сабато од Универзитетот на Вирџинија не гледа поента во тоа, зашто демократите имаат само еден глас мнозинство, а да го натераат Сенатот да реагира им требаат две третини.


Многу политички стручњаци велат дека изборите во 2006 покажале дека гласачите се против водењето на војната на претседателот Буш. Но и покрај тоа, претседателот нареди испраќање на нови војници во Ирак.


Сабато предлага уставни промени за Конгресот да добие моќ да прекине секаква војна со просто мнозинство.

-Треба да ја прераспределиме моќта и Конгресот повторно да го внесеме во игра откако војната е започната.

Уставот на Конгресот му дава моќ да објави војна, како што беше случајот во 1941 по јапонското бомбардирање на перл Харбор. Но по Франклин Рузвелт, тогашниот претседател, ниеден претседател не побарал формална декларација на војна.


Сабато вели дека на Претставничкиот дом и на Сенатот треба да им се даде моќ да прекинат воена акција со мнозинство гласови.


Чарлс Стивенсон, кој две децении служел како советник за одбрана и надворешна политика во Сенатот, тврди дека тоа не потребно. Според него Конгресот е доволно моќен да го надвладее претседателот. Во 1973, кон крајот на Виетнамската војна, Конгресот гласаше да запре бомбардирањето наредено од Претседателот Ричард Никсон.

Откако беше соборен хеликоптер во Сомалија во напад што остави 18 мртви американски војници Стивенсон вели дека Претседателот Бил Клинтон се согласил на конгресното ограничување на американското учество, тој додава:


-Претседателот прифати кога Конгресот делуваше со стегање на паричникот , но тоа е прилично драстична акција и не сум сигурен дека оние кои се приотив војната имаат приближно доволно гласови кои им требаат да се усвои такво нешто.

Претседателот нареди влегување на трупите во Ирак откако Конгресот авторизираше воена акција пред пет години. Оттогаш конгресот не преземал слично гласање. И се додека сенаторите кои се против војната не најдат начин да придобијат повеќе гласови, претседателот Буш ќе продолжи да ја води војната како што смета дека треба.