Груевски до Црвенковски: суштината на прашањата многу побитна од нивната форма

„Не сакајќи воопшто да навлегувам во Вашите лични чувства и ставови, дозволете ми да Ве информирам дека навистина жалам што едно техничко и банално прашање, поврзано со тоа каде ќе се одржи средбата, кај Вас предизвика толкав интерес и внимание и дозволивте да стане пречка наспроти суштината на она што треба да го разговараме. Не сакам да навлегувам во причините на оваа Ваша постапка, која навистина зачудува“, се вели во писмото на премирот Груевски упатено до претсеадтелот Црвековски. Во писмото понатаму стои:

„За мене лично, суштината на прашањата е многу побитна од нивната форма. Оттука дозволете ми да Ве информирам дека настрана од важноста на Вашите лични чувства и ставови, сепак далеку поважна за нас е иднината на Република Македонија, нејзините државни интереси и ЕУ и НАТО перспективи“, се наведува во писмото. На крајот премирот иразува надеж дека средбата ке биде конструктивна.

„Искрено се надевам дека по заедничката средба ќе имате политичка волја да прифатите да дојдете на средбата со лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, која ќе се одржи на 20 септември 2007 година (четврток) во 15 часот, во Клубот на пратеници“, се вели во писмото на премиерот до претседателот. На оваа средба се очекува да бидат надминати разликите мегу нив околу

комлетирањето на Судскиот совет, без што не можат да продолжат реформите во судскиот систем.