Убиен виш претставник на Талебан во Авганистан

Во американски воздушни напади во провинцијата Газни загинале 12 припадници на Талебан, меѓу кои и виш командант вмешан во неодамнешното киднапирање на 23-ца Јужнокорејци, соопштија авганистанските власти.

Според локалниот шеф на полицијата, во нападите во областа Гиро загинал командантот на Талебан Мула Абдула Џан.

Коалицијата под американско водство, пак, информираше дека во операцијата биле убиени неколкумина милитанти и приведени четворица, но дека засега не може да потврди дали меѓу загинатите е и талебанскиот командант.

Во покраината Газни беа извршени неколку армиски операции откако беше ослободен и последниот од групата грабнати јужнокорејски хуманитарни работници.