30 години од смртта на Елвис Присли

На многумина им е тешко да поверуваат дека денес се навршуваат 30 години од смртта на рокенрол легендата Елвис Присли. Секоја година, 600.000 лица ширум светот го посетуваат неговиот дом во Грејсленд во Мемфис, сојузната држава Тенеси.

Во средината на 50-тите, Елвис излезе со спој на кантри и ритам и блуз, претопен во нов стил на рокенрол. Не беше потребно многу време младите да започнат да лудуваат по него. Елвис стана крал на рокенролот.

Бернард Лански, сопственик на продавница за облека, го знаел Елвис уште кога бил во средно училиште.

Му скроил специјално палто, да одговара на неговиот розов Кадилак:

-Му направив дигната крагна. Ми рече дека му пречи на фризурата, а јас му кажав - мора да носиш нешто поинакво.

Џорџ Клајн бил дел од групата позната како Мемфис Мафија која патувала со него и му правела друштво во домот во Грејсленд, каде живееше 20 години, се` до денот кога почина. Животот на Елвис во најголем дел беше шоу бизнис, но Клајн вели дека жените со кои бил во врска најчесто не биле дел од тој свет:

-Сакаше секојдевни жени, кои не се дел од шоу бизнисот.

Учителката од Мемфис Џо Кети Браунли Елкингон била во неколкумесечна врска со Елвис во 1975-та. Таа го памети како чувствителна личност, но се сеќава и на неговите проблеми со тежината, како и употребата на дрога:

-Или беше многу позитивен, или нераслопожен. Никогаш не знаев во какво расположение ќе биде.

На 16-ти август, 1977-ма, Елвис Присли почина во Грејсленд на 42 годишна возраст. Беше закопан во бел костум што го соши Бернард Лански

Околу половина од посетителите во Грејсленд се под 35 години - родени по смртта на Елвис. Ако беше жив, кралот на рокоенролот ќе имаше 72 години, но за неговите обожаватели тој ќе биде - вечно млад!