Шахот како лекција за животот

Вон Бенет од една јавна библиотека во Вашингтон се обидува да ги научи децата да предвидат неколку потези однапред – важна лекција што може да ја употребат и подоцна, при планирањето на својата иднина:

-Мора да бидете дисциплинирани и да ги предвидите потезите. Исто како што планирате еден ден да бидете во 10-то, 7-мо одделение, или на колеџ, да станете доктори или правници.

Делинта Ричардсон сонува да стане дизајнер на видео-игри. Преку шахот тој учи како да ја постигне целта:

-Шахот те тера да мислиш однапред, за иднината, и за тоа што сакам да го испланирам

Истражувањата покажуваат дека шахот ги зголемува менталните способности на луѓето од различни возрасти, а особено децата. Како резултат на тоа, шахот стана дел од наставната програма во повеќе од 30 земји, меѓу кои и во САД.

Некои учители на шах посакуваат нивните штитеници да станат шаховски прваци како Анатоли Карпов, или Боби Фишер. За Вон Бенет во јавната библиотека, подеднакво е важно:

-Шахот да им помогне да размислуваат така што нема да направат погрешен потег во животот што скапо би ги чинел.

Лекција за животот што се учи од омилената, древна игра.