Опсерваторија во САД ќе ги следи промените во Тихиот Океан

Таканаречената „Иницијативата за океанска опсерваторија“ е обемен долгорочен истражувачки проект чија цел е да ги измери геолошките и водни промени на површина од неколку стотини километри на дното на Тихиот Океан долж американскиот брег. Проектот го координира група непрофитни океанографски институции, а делумно е финансиран од Националната фондација за наука.

-Се работи за поставување на кабел врз тектонската плоча наречена Хуан де Фука близу крајбрежјето на сојузните држави Вашингтон и Орегон, вели Стујарт Вилијамс, директор за инженеринг на проектот.

Конзорциумот на окаенографски институции вклучени во проектот се обидува на иновативен начин да го трансформира океанското дно во постојана лабораторија за истражување. Стујард Вилијамс коментира:

- Порано за истражување ни требаше брод и експедиција што може да трае и по еден месец, но сепак добивавме ограничена количина информации. Сега се обидуваме да инсталираме систем од сензори во водата и со помош на кабли или безжична врска истиот да се најде на Интернет.

Координаторите на проектот за океанска лабораторија планираат за шест години океанските податоци да станат достапни за сите ширум светот, и тоа бесплатно

Проектот би требало да биде завршен до 2018-та, а ќе чини 330 милиони долари.