Буш: Русија не е наш непријател.

Претседателот Буш вели дека нема простор за стравувања од плановите за американски против-ракетен систем за одбрана во Европа:

-Русија не е наш непријател. Непријателите на слободниот свет, кои се и наши непријатели се радикалите или екстремистите или непринципиелни режими кои се обидуваат да го уценуваат слободниот свет со цел да ги промовираат своите идеолошки цели. Мојот став за против-ракетниот систем, а тоа е не само мој став, туку и вистината, е дека тој ќе биде чисто одбранбени мерки, не од Русија, туку од вистинските закани.

Буш зборуваше во Прага по разговорите со чешкиот претседател Вацлав Клаус и премиерот Мирек Тополанек.

Чешката Република се наоѓа во средиштето на американскиот одбранбен план додека Пентагон сака да изгради радарска станица недалеку од главниот град. Ако станицата открие истрелани проектили, тие ќе бидат уништени со американски ракети кои ќе бидат лансирани од Полска.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Вашингтон ја пореметува стратешката рамнотежа во светот и нема да биде одговорен за одмазднички чекори што ќе ги преземе Москва доколку планот се реализира. Путин на новинарите во Москва им изјави дека Русија ќе одговори со поставување нови цели во Европа кои може да бидат погодени со балистички проектили или ракети или како што тој кажа, „со комплетно нов систем.“

Чешкиот премиер Тополанек изјави дека одбранбениот систем е неопходен за зголемување на чешката безбедност, но и онаа на европските сојузници:

Претседателот Клаус исто така го поддржа планот на САД:

-Сметаме дека е важно што претседателот Буш вети дека ќе направи максимални напори да објасни на Русија и на претседателот Путин. Му рековме на нашиот гостин дека е мошне важно да обезбедиме максимална поддршка за проектот од чешката јавност, која е чувствителна по овие прашања.

Истражување на јавното мислење покажа дека 60 проценти од Чесите се противат на планот и многумина стравуваат дека со тоа ќе се зголемат тензиите со Русија.

Претседателот Буш рече дека Чесите не мора да избираат меѓу Америка и Русија:

-Студената војна заврши. Граѓаните на Чешката Република не треба да избираат меѓу пријателите од САД и до Русија. Може да имаат добри врски и со обете земји. Не веруваме во едноставен свет.

Американски официјални лица изјавија дека одбранбениот против-ракетен план е првенствено замислен да ги запре проектилите од Иран.

Ирански официјални безбедносни сили тоа го нарекоа „шега на годината“.

Рускиот претседател се согласи со ваквата оценка и рече дека не верува дека има вистински закани од ирански и севернокорејски проектили, и дека на планот на САД гледа како на напор да се минимизираат рускиот врски со Европа.

На маргините на Самитот на Г-8 во Германија, се очекува двајцата претседатели да разговараат за ова прашање, како и при посетата на Владимир Путин на почетокот од следниот месец, во американската сојузна држава Мејн, во семејсната куќа на Буш.