Втора одлука во Конгресот наспроти заканата со вето од претседателот Буш

Легислативата мина со 63 спрема 34 гласови. Но вкупниот број гласови сепак е за два помалку од потребните за да се поништи ветото на претседателот.


Претседателот го употреби своето прво вето по преземањето на функцијата минатата година на случна легислатива за клетки кои поттикнуваат развој. Портпаролот на Белата Куќа Дена Перино кажа дека претседателот Буш исто ќе постапи и по овој предлог-закон зашто ја минува, како што смета претседателот „моралната линија“.

Во изјава по гласањето Претседателот рече дека федерални средства нема да бидат употребени за „уништување, повредување и создавање живи човечки ембриони“ заради истражување.

Поддржувачите веруваат дека законот ќе им даде шанса на научниците да најдат лек за многу болести.